Научници од Универзитетот во Саутемптон тврдат дека коронавирусот навлегува во шеќерот кој му помага да го избегне имунолошкиот систем на телото. Тие велат дека новиот вирус го користи шеќерот за да влезе во телото, како волк во јагнешка кожа.
Тимот на истражувачи предводен од Мак Криспин, велат дека вирусот сепак не е заштитен како другите, на пример како ХИВ. Сметаат дека овие информации ќе им помогнат на луѓето кои се во потрага по вакцината.
Криспин објаснил дека вирусот има голем број шили, остри краеви на површината, кои ги користи за да се врзе и влезе во клетките на човечкото тело. Тие шили се преобразени во шеќер, кој ги покрива вирусните протеини и му помага на вирсуот да го избегнат имуниот систем на телото.
На тој начин тие се однесуваат како волци во јагнешка кожа. Сепак, едно од главните откритија е, дека без разлика колку шеќер има, вирусот не е заштитен како другите вирусо. Вирусот како ХИВ, кој останува во еден од домаќините, мора постојано да го избегнува имуниот систем на човекот и затоа има голем густ слој од овој шеќер кој претставува еден вид на штит, вели Криспин.
Докторот навел дека коронавирусот се однесува по системот „удир и бегај“, и како што е утврдено, истиот се пренесува од една личност на друга.
„Тој сепак има низа на густина на споменатиот шеќер, што значи дека пстојат мал број пречки за имунолошкиот систем за да го неутрализира вирусот преку антителата. Тоа е охрабрувачка порака за оние кои се во потрага и развој на вакцината против овој вирус“, вели Криспин.