Изберете совршен костим за капење според обликот на телото

Некои костими за капење ви се допаѓаат, но не ви прилегаат според обликот на телото. Следете ги овие совети за да го изберете вистинскиот костим за капење за вас – според големината на градите, обликот на нозете, колковите, стомакот…

Костим за капње според големината на градите

Големи гради: Ви препорачуваме да изберете едноставен модел, затоа што оние кои се со принт, линии или разни натписи само ќе ги нагласат вашите гради уште повеќе. Исто така, најдобро ќе ви прилега едноделен костим за капење, со ве-израз.

Гради со средна големина: Имате среќа што не морате да отфрлите ниту еден модел на костим за капење, затоа што сѐ зависи од тоа дали сакате да ги нагласите градите или сакате да изгледаат онакви какви што се. Затоа можете да изберете горен дел со триаголници, тој начин вашето деколте ќе изгледа совршено.

Мали гради: Спротивно од она што важи за дамите со големи гради, вам ви стојат модели со принт, натпис, линии, или уште подобро со карнери. На тој начин визуелно ќе ги зголемите градите.

Спрема колковите

Доколку имате ниски колкови, ви советуваме да го нагласите горниот дел. Земете модел со карнери, принт или посилни бои, а гаќичките да бидат еднобојни и наједноставни. Што е можно поедноставно, тоа е подобро. Значи без линии, карнери, принт…

Доколку имате нагласени колкови добро ќе ви стојат мали гаќички, со некој принт и она што е најважно, би требало да се врзуваат од страна, за да го нагласат струкот.

Спрема нозете

Кратки нозе: За вас се идеални гаќичките со висок струк, бидејќи тие ќе ја стилизираат вашата фигура и ќе предизвикаат впечаток дека вашите нозе се подолги од она што навистина се.

Долги нозе: Ако ви се долги нозете, нема потреба за стилизирање, така што гаќичките со низок струк се најадекватни. Исто така, можете да земете модел што се врзува странично, на колковите.

Спрема стомакот

Рамен стомак: Можете да го нагласите својот затегнат стомак носејќи гаќички со низок струк или оние со принт или оние што се врзуваат од страна.

Ако немате рамен стомак, можете да го скриете со гаќички со висок струк или со едноделен модел.

Спрема тенот

Бела кожа: Забранети се белите костими за капење за овој тип на кожа. За вас се соодветни потемни и потопли тонови како што е: маслинестата, бебешко розевата или тиркизната боја.

Темен тен: Ако кожата ви е потемна, можете да облечете бел костим за капење. Флуросцентните бои или силните нијанси кои ќе привлечат внимание, ќе биде само еден од начините да го нагласите и да го извлечете максимумот од својот темен тен.

Scroll to Top