Ја дочекале Нова година заглавени на рингишпил

By
Осум лица во градот Рен, место во западна Франција ја дочекале Нова година на рингишпил висок 50 метри. Медиумите пренесуваат дека механизмот се расипал за време на возењето и целата вртелешка прекинала да врти.

„Дефектот траеше долго време. Беше студено и страшно“, изјавил Антоан еден од заглавените на вртелешката, кој бил спасен од службите со хеликоптер. Тој заедно со останатите заглавени биле спуштени безбедно на земја.

Дефектот настанал откако се расипал еден од лостовите на вртелешката, за време на возењето. Спасувачите на почетокот се обиделе со скали и друг вид опрема да ги извлечат заглавените, но по неколку неуспешни обиди, оцениле дека тоа е премногу опасно. На крајот се решиле на најбезбедната варијанта со хеликоптер.

Посетителите кои имале желба за Нова година да се повозат неколку минути, седнале на вртелешката околу 20:30 часот, а безбедно биле извлечени следното утро околу 4:00 часот.

 

Ќе ви се допадне