Внуката на Арета Френклин, Грејс, пееше на аудиција за „Американски идол“, но не помина во првиот круг. Според жирито, Грејс не е доволно талентирана и музикална за да влезе во натпреварувачкиот дел на шоуто.
Грејс е ќерка на Кекалф Канингем, син на покојната аренби и соул легенда. Таа аудицијата ја почна со Killing Me Softly, а потоа ја испеа Ain’t No Way, хит од нејзината покојна баба.
Кети Пери, која е член на жирито, рече: „Ми се допадна како ја испеа песната од твојата баба“ и таа беше единствената што гласаше „да“.
Останатите членови на жирито, Лајонел Ричи и Лук Брајан не ѝ дадоа глас.
„Имаш 15 години. Имаш семејна лоза. Она што е потребно сега е да се вложи напор и доста работа за да го достигнеш потребното ниво,“ и кажа Лајонел Ричи и додаде дека многу ја почитувал нејзината баба, но дека тоа не е причина да ѝ даде глас за понатаму.