Ја почитувавме баба ти, но не можеме да те пуштиме понатаму: внуката на Арета Френклин не ja помина аудицијата за „Американски идол“

By

Внуката на Арета Френклин, Грејс, пееше на аудиција за „Американски идол“, но не помина во првиот круг. Според жирито, Грејс не е доволно талентирана и музикална за да влезе во натпреварувачкиот дел на шоуто.

dobivaj vesti na viber

Грејс е ќерка на Кекалф Канингем, син на покојната аренби и соул легенда. Таа аудицијата ја почна со Killing Me Softly, а потоа ја испеа Ain’t No Way, хит од нејзината покојна баба.

Кети Пери, која е член на жирито, рече: „Ми се допадна како ја испеа песната од твојата баба“ и таа беше единствената што гласаше „да“.

Останатите членови на жирито, Лајонел Ричи и Лук Брајан не ѝ дадоа глас.

„Имаш 15 години. Имаш семејна лоза. Она што е потребно сега е да се вложи напор и доста работа за да го достигнеш потребното ниво,“ и кажа Лајонел Ричи и додаде дека многу ја почитувал нејзината баба, но дека тоа не е причина да ѝ даде глас за понатаму.

 

Ќе ви се допадне