Јануари ќе биде најлош месец во 2020 за три хороскопски знаци

Некои хороскопски знаци ќе мора да се занимаваат со семејни проблеми за да можат да продолжат понатаму со животот.

Други ќе се соочат со сите проблеми и ќе се преиспитаат што навистина сакаат во животот. Откријте кои се хороскопските знаци на кои првиот месец во 2020 година нема да им биде наклонет.

Близнаци

Редефинирајте ги своите пријателски и љубовни односи. Морате добро да размислите за својата финансиска ситуација, деловно партнерство и блиските односи со другите. Можеби ќе морате да ги преиспитате своите односи со саканите личности, па дури и со личноста која живее во странство и која ја сакате.

Ќе дојдете и до точка на емотивен пресврт. Меѓутоа, по јануари ве очекува подобар период, благодарение на Јупитер, Сатурн и Плутон, вашиот живот долгорочно ќе се стабилизира.

Вага

Ќе имате сериозни разговори со семејството. Како и близнаците, така и вие нема да се однесувате добро во конфликтните ситуации со другите луѓе, особено со оние кои ви се блиски. Но црниот облак виси над вашата куќа и семејството, така што емотивните врски со нив во јануари ќе се распаднат. Марс влијае на вашата комуникација, така што ќе имате проблеми со најблиските членови од семејството. Меѓутоа, на видик е романтична врска и креативен период, но имајте на ум дека прво морате да решите некои проблеми, а потоа да се позанимавате со забавните ствари во животот. Внимавајте на своето тело и бидете понежни спрема себе.

Водолија

Ќе почнете да ги доведувате во прашање своите ставови. За вас првиот месец во годината ќе биде пресвртница. Можно е да се најдете на нова територија, но прашањето е – дали сте спремни за тоа? Дали добро сте размислиле што сакате во животот? Сега е време да ја затворите вратата и да се поздравите со некои луѓе. Не дозволувајте си себеси да потонете во сопствените мисли и одвоите малку време длабоко да се загледате во себе. Водолијата не е позната по склоноста кон изразување или соочување со емоциите, но понекогаш тоа едноставно морате да го направите.

Scroll to Top