Јапонија воведува задолжително спиење на работното место

Јапонските работодавачи воведоа задолжително спиење на работното место, и тоа ќе биде дел од работните обврски на секој вработен. Ова не значи дека тие ќе смеат да задремат на работната маса, туку ќе добијат соба за спиење. Компаниите тврдат дека за ова имаат вистинско оправдување. Според анализите кои ги направиле, јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари поради недоволното спиење на работниците.

Компаниите до Министерството за здравство доставиле предлог-закон во кој се предвидува на работниците да им се дозволи да спијат барем половина час во текот на работниот ден. Неколку ИКТ компании веднаш го прифатија овој тренд.

Scroll to Top