Јапонска техника за вапсање јајца

Шибори е јапонска техника за бојадисување ткаенина, но последните години овој тренд се прошири и на вапсувањето јајца. Иако на прв поглед делува сложена, таа е едноставна и интересна. Сè што ви треба се четкички и бои, конец, хартија и ластичиња.

За украсување шибори јајца ви треба сина боја, алкохолен оцет, хартија (филтер за кафе), ластичиња, стаклен сад и ножици. Секое јајце завиткајте го во филтер за кафе, а врвот заврзете го со ластиче. Преку јајцето замотајте со ластичиња или конец, зависно каква шара сакате. Растворете ја бојата за јајца според упатството, а потоа добиената бојата ставете ја во шприц. Постепено сипувајте од бојата врз деловите од јајцето меѓу конецот или ластичињата. Кога ќе се натопи хартијата, оставете да се исуши.

Scroll to Top