Јапонски газда им дал шест дена подолг одмор на вработените непушачи

Газдата на јапонската компанија Piala Inc одлучија на своите вработени кои се непушачи да им даде подолг одмор од оној на пушачите. Тие решија да им дадат шест дена бонус.

dobivaj vesti na viber

Од компанијата велат дека на тој начин сакаат да го изедначат работното време на двете групи, затоа што пушачите поголем дел од работното време го трошеле на пушење цигари.

Во компаниите во Јапонија, пушењето е забрането, па голем дел од вработените мораат да излезат на пауза и на тој начин имаат поголема пауза од оние непушачите.

Ваквата одлука ја донеле откако еден од непушачите се пожалил дека пуш-паузата негативно влијаела на продуктивноста и дека не е фер кон останатите вработени.

„Промената на политиката на одмор, според која шест дена повеќе одмор ќе добијат непушачите, треба да ги охрабри наштие вработени да се откажат од цигарите“, рече Хиротака Мацушима, портпаролот на компанијата.

Според пишувањата на британски „Телеграф“, оваа мерка веќе делува и четири пушачи од 42 вработени веќе одлучиле да ги остават цигарите и да ги искористат дополнителните шест дена одмор.

 

 

Scroll to Top