Јарец: Годишен хороскоп за 2020 година

Во следната година јарците ќе се трудат да не се нервираат поради проблемите и да останат со ладни глави. Нивното мото ќе биде „Какви ти се мислите, таков ти е животот“, па ќе се трудат да бидат позитивни. Така е и најдобро. Ништо нема да земате при срце, дури ни кога ќе чуете дека ви зборуваат зад грб. Ќе се трудите вашата совест да остане чиста и да не се „валкате“ со лоши зборови. Ќе сакате да поминувате повеќе време со повозрасна личност од вашето семејство, која ви е многу драга. Ќе имате многу обврски, но ќе успеете да најдете време за читање книги и за занимавање со омиленото хоби. Во добри односи сте со сите од семејството, па ќе почнете да одржувате поблиски контакти и со вашите тетки, чичковци, братучеди…

Работа

Може да се случи да ви биде понудено унапредување, но да го одбиете поради тоа што на тој начин ќе имате повеќе обврски. Добро ќе размислите и ќе донесете одлука која е во склад со вашите приоритети. Кон средината на годината самите ќе сакате да внесете некоја промена во вашиот живот. Невработените јарци ќе имаат неколку хонорарни ангажмани, од кои едниот ќе прерасне во вработување. Нема да бидете воодушевени, но со тек на време ќе се прилагодите. Студентите треба да најдат мотивација за полагање на испитите во рок. Тешко ќе биде, но со добра организација ќе постигнете одлични резултати.

Љубов

2020 на слободните јарци ќе им донесе стабилност на љубовен план. Кон средината на годината ќе обновите контакт со личност која некогаш ви се допаѓала. Можно е да започнете врска. Ќе се чувствувате како да се познавате со години и нема да имате никакви проблеми во комуникацијата. Ќе можете отворено да разговарате и ќе си бидете поддршка еден на друг. Јарците кои се во врска ќе сакаат да почнат да живеат со партнерот. Вашите или неговите родители ќе се обидат да се мешаат, но вие уште од самиот старт ќе им дадете до знаење дека нема простор за тоа. Оние кои се во брак ќе имаат криза која може да ја надминат само ако се смирени. Ситуацијата ќе ја надминете само ако имате доволно разбирање еден за друг.

Пари

Во 2020 ќе успеете да исплатите долг кој подолго време стоел неплатен. Ќе се чувствувате како да сте се ослободиле од голем товар и конечно можете да ги имате парите само за себе и за она што ве прави среќни. Ќе купувате подароци, но и ќе уплатите патување за себе, каде ќе одморите и ќе ги наполните батериите. Може да ви се укаже прилика да инвестирате во автомобил, стан или во сопствен бизнис.

Здравје

Во 2020 година јарците треба да се чуваат од кожни зарази и алергии. Ќе внесете значајни промени во исхраната и веќе во голем радиус ќе ги избегнувате пекарниците и сендвичарниците. Поведете сметка и за менталното здравје.

Scroll to Top