Кафулињата и рестораните денес отвараат, по речиси три месеци . Ќе работат до 22 часот, а ќе биде дозволено гости да се примаат само на летните тераси , на отворените делови од угостителските објекти. Вработените кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски. Не смее да се поставуваат коњопои и да се служат гости кои стојат на шанк во кафулето туку само гостите кои седат на маса. Масите треба да биде оддалечени една од друга во сите правци од 1,5 до 2 метри.
На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица само доколку се од исто семејство Се дозволува максимален број од 12 лица на споени маси доколку растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метар. Задолжително е менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице. Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена.