Како би изгледало денес „Југо“, ако ја преживееше транзицијата?

Без разлика на сите негови мани, Југото засекогаш ќе остане во сеќавањата на голем број луѓе на Балаканот, а можеби и светот. И покрај тоа што не се произведува веќе десет години, не го заборавиле ниту меѓународните автомобилски ентузијасти.

Гордоста на југословенската автомобилска индустрија, ширум светот е продадена во повеќе од 800.000 примероци и истиот ќе остане запаметен и надвор од границите на поранешната држава.

Еден од оние кои добро го запамтиле е и дизајнерот Мајкл Мерклер. На него Југото му послужило како инспирација за неговите дигитални дизајнерски работи.

Мерклер даде увид како би можел да изгледа современиот модел на Југо, доколку возилото ја преживееше транзицијата. И тоа го претставил во спортски хеџбек.

Под името „Југо ГТ 5000 Коцепт“, сега имаме можност да видиме како Југото би изгледало денес, со големина на Chrysler C 300, со LED светлосна група, гуми со широчина од 265 сантиметри и моќни кочници.

Под хаубата замислен е 5,0 литарски V8 мотор со турбополнач и погон на предната осовина кој се пренесува со помош на осмостепен автоматик.

Ова југо може да развие 600 коњски сили и од место до 100 километри на час, да забрза за само 2,8 секунди со максимална брзина од 320 километри на час.

 

 

Scroll to Top