Како да им дадете на билките доволно вода, ако не сте дома? Постојат две решенија: саксиите и тегличките пренесете им ги на некој кој ќе се грижи цвеќето да биде залиено и да има вода, а уште подобро е да замолите некој да доаѓа кај вас и да ги наводнува. Но, што ако ниту едно од тие две решенија не е возможно?
Пред сѐ, сите саксиите тргнете ги од сонцето и ставете ги на посветло место, но во ладовина. За обезбедување влага, постојат повеќе решенија. Еден од најсигурните начини е саксијата со цветот да ја ставите на подот, а на масичката над цвеќето сад со многу вода. Плетениот канап добро намокрете то, па еднот крај нурнете го во садот со вода, така што траката ќе допира до дното, а другиот крај обесете го така што ќе ја допира земјата во саксијата со цвеќето.
Саксијата со цвеќето можете да ја ставите во поголем сад со вода, но опасно е за билките на кои не им треба толку вода, па коренот може да иструли. Тоа ќе го избегнете така што ќе ставите во садот со вода еден слој песок и на тој начин ќе го одвоите коренот од непосредниот допир со водата.
Ако имате повеќе билки на кои им треба вода, постапете вака: затворете го одводот за вода од кадата, а на дното ставете тенка пластична фолија со која ќе го прекриете целото дно од кадата. На фолијата наредете садови со билки и пуштете ладна вода во кадата, додека водата не стигне до половина висина од садовите со билки. Оставерете го прозорот во купатилото отворен, па билките, освен вода, ќе имаат и доволно светло, што е еднакво важно.
Билки на кои оремногу вода би им наштетило, ставете ги во поголем сад во кој ќе наполните песок и добро ќе ги залииете, па низ долната дупка од садот (за дренажа) ќе пристига влага до коренот.
Уште едно решение? Секоја билка, заедно со саксијата, ставете ја во пластична кеса и добро затворете ја како би се изгубило што е можно помалку влага. Земјата мора да биде добро намокрена, но да не биде ни премокра (од саксијата низ долната дупка да излегува вода). Кесата мора да биде доволно голема за да може билката низ неа да има доволно воздух.
Малите шишња од сок, можете да ги употребите за заливање на билките во ваша отсутност. Исперете ги, наполнете ги со вода, а грлото затворете го со памучно крпче кое ќе го зацврстите со гумичка или конец. Пред да тргнете на пат, закопајте ги шишињата наопаку во земјата на секој сад со билки, па водата низ платнената крпа полека ќе излегува и ќе ја влажни земјата, доволно за да одржува вашето цвеќе во живот, да не ожедни додека да се вратите.