Тексасот е материјал кој секогаш е актуелен, па и оваа есен. Еве неколку предлози како да го носите…
- Комбинација на стилови
Комбинирањето на стилови секогаш е возможно кога станува збор за тексасот. Оваа комбинација потсетува на работничка униформа и можете да ја споите со многу видови тексас во разни бои. Овде спаѓаат јакни, рамки, здолништа и кратки панталони.
- Украсени фармерки
Во последно време популарни се фармерките со должина до глуждовите. Трендот ќе продолжи и следната сезона, но со некои мали измени. Нешто ново се украсите на долниот дел од фармерките. Можете да ги украсите со нитни и разни метални украси. Ова е тренд што постои од пред неколку години. Разликата е што претходно украсите се наоѓаа на џебовите и горниот дел на фармерките, а сега се спуштени подолу.
- Фармерки со рамен крој
Овие фармерки ги засенија познатите скини џинс. Ова ќе важи и за наредната сезона. Широките фармерки со рамен крој им се опсесија на модните блогерки, а можете да ги комбинирате со многу разни стилови.