Како да се погрижите за домашните миленици во текот на празниците

На домашните миленици им е потребно повеќе внимание во текот на ладните зимски денови. Особено оние кои поголемиот дел од своето време го поминуваат надвор. Што да правиме?

Грижа за кучињата

Сите домашни миленици заслужуваат соодветна нега. Кучињата кои во зима се надвор мораат да бидат правилно згрижени. Треба да бидат термички изолирани и лесно да се подигнати од земјата. Тоа ќе го спречи влегувањето на вода и влага. Куќичката би требало на влезот да има завеса, како би ја спречила директната инвазија на ладниот воздух. Проверете дали креветот е направен од материјал кој на кучето ќе му обезбеди топлина.

Покрај топлото засолниште, мораме да сме сигурни дека на нашето куче сме му овозможиле здрава исхрана во текот на овие ладни денови. Се препорачуваат грицки затоа што е помалку веројатно дека ќе замрзнат. Исто така обратете внимание на водата. Треба да ја погледнете неколку пати дневно затоа што постои голема можност да се замрзне.

На кучињата им се препорачува тренирање. На овој начин уште повеќе се загреваат. Изведете ги кучињата на прошетка или загревајте ги со интензивни движење (на  пример: фрлање топка и сл.). Внимавајте на ледените подрачја затоа што во тоа време може да се случат разни несакани несреќи.

Нега на мачките

На мачките исто така им е потребно топло засолниште во зима. За нив организирајте кревет со топла подлога во делот на куќата каде што престојувате. Исто така пружете им доволно количина храна и пиење. Особено морате да ги заштитите своите домашни миленици во текот на празниците. Пиротехниката е најголема опасност во тоа време. Пукањето со петарди и лансирањето ракета кај домашните миленици предизвикува силен стрес, ги плаши, и во го најлош случај, физички ги оштетува.

За да го спречите тоа, најдобро е да ги сместите внатре за тоа време и така да ги заштитите од сите тие звучни и светлосни ефекти кои ги предизвикуваат пиротехничките средства. Мораме да им се посветиме на нашите домашни миленици, дури и малку повеќе од вообичаено, особено во текот на празниците.

Ние топло ви советуваме да ја минимизирате употребата на пиротехнички средства. Пред да почнете да ги употребувате, размислете за своите домашни миленици и одлучете се дали вреди да ги изложите на стрес поради неколку моменти на забава.

Scroll to Top