Како да се решите од непријатниот мирис од пластичните садови?

Секој од нас го знае ова сценарио.

Спремивте нешто ароматично и сакавте да спремите јадење за следниот ден, па сте го ставиле во пластичен сад. Наредниот ден храната е изедена, садот е исмиен, но упорниот мирис останал. Проверете ги овие неколку начини како да се решите од мирисот од пластичните садови.

Паста со сода бикарбона

Направете паста од сода бикарбона и вода. Истријте ја внатрешноста на садот со оваа паста и оставете ја така ден или два. Исперете го садот. Ако мирисот исчезнал, повторете ја постапката.

Сок од лимон

Тоа е природно средство за чистење. Само исперете го садот со овој сок или истријте со кора од лимон како би се ослободиле од нерпијатниот мирис.

Кафе

Сипете кафе во садот. Садовите можат да бидат влажни или суви. Затворете го садот и оставете го сѐ додека садот не го уништи мирисот.

Весници

Весниците ги впиваат непријатните мириси. Стуткајте неколку страници и ставете ги во садот. Затворете го со капак и почекајте ден или два.

Активен јаглен

Ставете неколку таблети активен јаглен во садот и затворете го капакот. Тргенете го настрана и почекајте мирисот да исчезне.

Сол

Ставете сол во садот така што ќе го покрие дното на садот и оставете го преку ноќ. Исперете го садот и спремен е за употреба.

Scroll to Top