Како најдобро да го комбинирате кардиганот оваа пролет

Кардиганот е уште еден „поздрав“ од минатото.

Меѓутоа, ако овој модел во основа не се променил, еве начини на кои што можете да го носите оваа година. И кој може подобро да ве научи да ги комбинирате новонастанатите трендови, ако не ѕвездите на уличниот стил?

Затоа погледнете ги овие 10 идеи како да ја носите најмодерната работа оваа пролет.

Широки ракави

Одберете кардиган со широки ракави оваа пролет. Доколку се одлучите за таквиот модел, ве советуваме да се задржите на пократката варијанта, која може да се пикне во пантолоните или здолништето.

Кадифена текстура

Кардиганите со оваа текстура изгледаат многу опуштено. Доколку се одлучите за таквиот модел, подобро е да изберете подолг модел и да обратите внимание на бојата. Ви препорачуваме кардигани во пастелна или црна боја.

Кардиган како фустан

За таквиот стајлинг ќе ви биде потребен проширен модел на кардиган. Доколку му додадете чизми, ќе се почувствувате како да го живеете духот на 60-тите. Ви советуваме да изберете кардиган со принт или некоја необична боја.

Бохо стил

Кардиганите можат да се комбинираат со различни стилови. Самата работа изгледа прилично опуштено, така што ќе изгледа добро во тандем со бохо елементите. На пример, шарено здолниште со принт.

Нагласете го струкот

Ако вашиот кардиган е направен од фина волна или плетиво, можете да го употребите со тесен каиш. На овој начин ќе изгледа како јакна. Комбинирајте го со строги пантолони или класични фармерки.

Едно рамо

Ова е еден интересен и едноставен начин за носење на класичен модел на кардиган. Главата работа во тоа е да не претерате – заборавете на голите рамена и мини здолништата.

Пастелни нијанси

Пастелот е тренд оваа сезона. Во случајов кардиганот, ви препорачуваме целокупниот аутфит да го искомбинирате во слични нијанси. Но, можете и да изберете модни додатоци со други јарки бои. На пример, светла торба или необични чевли.

Со мини здолниште

Долгиот кардиган може да се носи со мини здолниште. Изгледа многу секси и стилски. Единствено правило е дека кардиганот треба да е подолг од вашата основна облека.

Светол печат

Кардиганите преживеа децении. Поради тоа, сега можете да пронајдете и повеќе модели и прекрасни опции со различни принтови. Комбинирајте ги со контрастни нијанси.

Со широк појас

Уште еден начин на носење на тенкиот кардиган од кашмир. Долгото здолниште и широкиот појас ќе ви помогне да бидете уште пософистицирани и поделикатни.

Scroll to Top