Цвеќето е еден од најчестите подароци наменети за жените. Воглавно се подарува во некои посебни прилики, но не е реткост цвеќето да се подари и како знак на љубов, почит или приврзаност кон жената. Различните сорти цвеќиња се разликуваат по својот облик, но и по симболиката која со себе ја носат. Така, во зависност од пригодата, постојат некои правила или обичаи по кои се бира адекватното цвеќе за подарок.
Симболиката на цвеќето често може да ја одреди и нивната боја, па така црвените цветови се поврзуваат со страст и љубов, белите со невиност и почитување, жолтите се за среќа и радост, а сините за верност и ведрина. Без цвеќето не може да помине ниту една поважна манифестација или обред, тоа е секогаш присутно кога се организираат венчавки, прослави, испраќања…
Нивната убавина често пати се споредува со убавината на жената, па затоа е посебно важно кое цвеќе ќе ѝ го подарите на саканата личност.
Во продолжение, дознајте со кои три цветови никогаш нема да погрешите.
Розите како вечен симбол на романтика
Како што покажуваат статистиките, розите се дефинитивно најпродаваните цвеќиња на светот. Овој факт сам по себе доста говори, затоа што розите се кралици на цвеќињата. За нив не постојат никакви правила и препреки, тие се одличен подарок за секој повод и пригода. Сепак, најчесто розите се подаруваат за 8 март, и тоа на сите сакани жени кои нешто ви значат. Баш на овој ден, ќе забележите дека рестораните се полни со млади парови и дека покрај девојката скоро секогаш стои букет од црвени рози.
Воглавно се подаруваат рози во црвена боја, бидејќи тие се симбол на љубовта и страста, но и на пријателството. Посебно значење, сепак, имаат розите без трње, чие дарување симболизира љубов на прв поглед. Таквото цвеќе подарено во важна пригода со себе носи некоја посебна тежина и смисла.
Лале – убавината е во едноставноста
Ова цвеќе е популарно ширум целата планета, иако неговото потекло е од средна Азија. Лалето плени со својата убавина и не ни чудо што токму тие се главните ѕвезди на атрактивните фотографии на друштвените мрежи. Баш, како и розите, лалињата симболизираат љубов, страст и заљубеност, па сигурно нема да погрешите доколку ова цвеќе го изберете како подарок за саканата личност. Букетот со лалиња на најдобар начин може да ја искаже својата вистинска љубов, а доколку сакате некому да му ја искажете својата пожртвуваност, тогаш изберете лале во црвена боја.
Секако, лалињата не мора да се подаруваат само во букети, туку се достапни и во саксии, како посадени билки. Сепак, тие бараат правилно одржување, затоа што се сметаат за нежни цвеќиња. Најевтини се кон крајот на пролетта, кога им е и сезоната.
Орхидеја – цвет кој носи среќа
Универзалните орхидеи поради својот егзотичен изглед се многу популарни како декорација или како подарок на саканите жени. Често пати се користат како украсно цвеќе во домовите, со нив се украсуваат салите за свадби, а често пати се користат и за декорација на женските фризури.
Поради својот излед се симбол на нежната убавина, па со нив воглавно се поврзува љубовта и чувствителноста. Сезоната им е преку целата година, а во саксиите подолго цветаат околу во букетите. Затоа, доколку набавите убава орхидеја во саксија, таа може да ве издрадува повеќе години по ред.
Она што е зачудувачки е фактот дека на светот постојат измеѓу дваесет и пет и триесет илјади видови на орхидеи. И она што многумина не знаат е дека орхидејата претставува цвет со кој се изразува почит. Како цвеќе кое испраќа порака и има посебно значење, доколку сакате да ѝ покажете на некоја дама колку ја цените, тогаш подарете ѝ нежна орхидеја, и таа ќе ја сфати пораката.
Цвеќето покрај искучително пријатниот мирис, има многу атрактивен изглед, па затоа и не зачудува фактот дека многумина ја сакаат. Покрај тоа, се советува секоја просторија во домот да има барем една билка, затоа што многу добро влијае врз здравјето создавајќи додатен кислород.