Калуѓерки се коцкале во Лас Вегас со 500 илјади долари школарина на учениците  

Две чесни сестри што работеле во католичко училиште во Калифорнија признаа дека злоупотребиле  околу 500 000 долари, кои ги искористиле за коцкање во Лас Вегас.

Мери Креупер и Лана Чанг ги зеле парите од католичкото училиште „Сент Џејмс“ во градот Торанс, во близина на Лос Анџелес, за да ги потрошат во казина.

Калуѓерките, кои се најдобри пријателки, ги зеле парите од сметка со школарини и донации. Тие неодамна се пензионирале и изразиле жалење за своите постапки.

Мери Креупер била директорка на училиштето 29 години, додека Лана Чанг работела како наставничка околу 20 години. Се смета дека тие ги краделе парите во период од најмалку една деценија и ги трошеле на патувања и коцкање.

Scroll to Top