Кампот на Хитлер, по 70 години стана луксузно одморалиште

By

Омиленото место на нацистите и најомилениот камп на Адолф Хитлер „Dream Holiday Camp“, кој се наоѓа на германскиот остров Руген во Балтичкото море, официјално е прогласено за модерно луксузно летувалиште.

Ако се прашувате за што станува збор и како кампот воопшто е направен ова е неговата приказна.

Три години пред нацистичка Германија изврши инвазија на Полска и да почне Втората светска војна, Хитлер наредил изградаба на најголемото туристички одморалиште, сместено на брегот на островот Руген. Поради почетокот на војната, изградбата прекинала во 1939 година и комплексот никогаш не бил завршен, ниту послужил за првобитната цел.

Одморалиштето кое нацистите го нарекле Прора имало капацитет од преку 20.000 гости. Прора била наменета за германските работници кои без прекин работеле во фабриките. Како што објаснува историчарот Роџер Мурхаус, ова место требало да направи противтежа на теророт на Гестапо.

Повеќе од девет илјади работници учествувале во изградбата на ова градежно издание од цигла и бетон, долго 4 километри. Мурхаус го нарекол „мегаломанија во камен“.

Доколку била завршена, Прора би била една од најимпресивните структри на светот. Поради тоа што наскоро почнала Втората светска војна и изградбата е запрена до ден денес.

Прора по војната е оставена да пропаѓа речиси 70 години. Во 2013 година, германска компанија која се занимава со недвижности „Метрополата Маркетинг“, ги купила правата за обнова на Прора за да го преуреди во комплекс апартмани и луксузни летниковци.

Осум блока од ова монументално здание се поделени на два дена. „Prora Solitaire Home“ и „Prora Solitaire Hotel Apartments and Spa“. Иако завршувањето на обновата се очекува дури во 2022 година, дел од истиот е пуштен да работи, а дел од апартманите и летниковците веќе е достапен за купување.

Локалните власти одлучуваат дека оваа недела ќе се одобри статусот на „ресорт“ објект, што ќе им овозможи на туристите да почнат да наплаќаат такса од 2,85 евра дневно по личност.

„Го потврдуваме нивото на туристичката инфраструктура и се надеваме дека Прора ќе продолжи да се развива и да се унапредува како туристички средиште“, изјавила портпаролката на градот Бинз, во кој се наоѓа Прора, а пренесува „The Times“.

Еден апартмански блок е отворен во 2016 година. Апартманската едница чини меѓу 400 и 725.000 долари. Единиците се разликуваат по големина, луксузност и кон тоа дали имаат поглед на Балтичкото море.

Дизајнот е модерен, со стаклени лифтови и подно греење. Комплескот содржи и базени, џакузи и просторани градини.

Сепак поради тричасовната оддалеченост од Берлин и злогласната историја, постои сомнеж дека Прора добро ќе мине на пазарот. Сепак, овие последни вести најавуваат блескава иднина на омилениот нацистички камп.

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне