Канаѓанец на 84 години истрча маратон на Антарктик

Рој Јерген Свенингсен од Канада стана најстариот човек кој успеал да истрча маратон на Антарктикот. Рој на 84 години успеа да ја заврши трката на мраз за време од 11 часови, 41 минута и 58 секунди.

Тој трчаше по снегот и на температури од 15 Целзиусови степени под нулата.

„Рој е инспирација за сите генерации. Тој претставува вистински амбасадор на Канада“, изјавил директорот на трката, Ричард Донован.

Рој досега имал истрчано повеќе од 50 маратони низ светот. Првиот го имал во 1964 година во Калгари. Маратонот на Антарктикот е најјужната трка на планетата и важи за една од најтешките.

Главната награда изнесуваше 24.800 долари. Победник на годинашната трка е Американецот Вилијам Хаферти, кој стигна прв на целта за време од 34 минути и 12 секунди, со што постави нов рекорд на маратонот.

 

 

 

Scroll to Top