Канибал ја убил, па ѝ го изел срцето

35-годишниот Алексеј Јастребов од Русија е уапсен откако полицијата го пронашла како лежи покрај телото на Екатерина Никифорова и го касапи. Тој најпрво ја убил Екатерина, со убод во вратот. Со ножот ѝ го извадил адамовото јаболко од грлото. Потоа го сварил и го изел нејзиното срце, пренесува „Мирор“.

Набрзо потоа ја повикал сопственичката на станот, Зана Андреева и ѝ рекол да повика полиција и итна помош. „Лежам, а покрај мене има мртво тело“, ѝ рекол тој. Кога дошла полицијата, им рекол „На шпоретот се вари срце. Ѝ реков дека ќе ѝ го изедам срцето. Го направив тоа“, рекол канибалот.

Алексеј Јастребов

Тој се обидел да се самоубие, си зарил ножици во вратот, ама не успеал во намерата. Во моментов е под полициски надзор во руска болница, каде што лежи на одделот за интензивна нега.

Жртвата е самохрана мајка која имала две ќерки. Канибалот, пак, бил близок пријател на нејзиниот брат.

 

 

 

 

Scroll to Top