„Кармина Бурана“ – средба со страста и љубовта утре во МОБ

Популарната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф ќе биде изведена утре во Националната опера и балет.

Публиката што ќе присуствува ќе ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар, па не пропуштајте ја шансата да ја погледнете.

Солисти на операта: Наде Талевска, Горан Начевски, Дејан Стоев.

Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.

Диригент е Емир Нухановиќ (Босна и Херцеговина).

Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Почетокот на претставата е од 20 часот.

Scroll to Top