Очекуваниот награден фонд на американската лотарија „Мега милиони“, преминал повеќе од 1,6 милијарди долари. Со тоа овој фонд станал најголемиот џек-пот во историјата на Америка.
Во петокот вечерта не беше извлечена главната награда од милијарда долари, па сумата која среќниот добитник би можел да ја освои денеска значително е порасната, пренесоа официјалните лица.
Наградата драматично е порасната, затоа што никој не извлече џек-пот уште од 24 јули, кога група на граѓани освоија 543 милиони долари.
Тикерот чини два долари, а шансата некој од играчите да ги погоди сите шест бројки е исклучително мала, еден спрема 302,5 милиони долари, пренесува агенцијата „АП“.