Ќе се снима документарец за „Битлси“

Оскаровецот Питер Џексон ќе режира документареc за „Битлси“. Тој ќе користи снимки што досега не се прикажани во јавносата. Џексон на располагање има 50-часовен видеоматеријал, снимен во студио меѓу 2 и 31 јануари 1969 година, непосредно пред распадот на групата.

Овие снимки првично биле наменети за специјална ТВ-емисија, а завршуваат со настап на групата на покривот на седиштето на „Епл корпс“ во Лондон.

„Филмот ќе биде неверојатно искуство за кое фановите на ‘Битлси‘ отсекогаш сонувале. Ова е како временска машина што нѐ враќа во 1969 година, како да седите во студиото и гледате четири добри пријатели што заедно прават одлична музика“, рекол Џексон.

За да го сними документарецот Џексон добил дозвола од Пол Макартни и Ринго Стар, но и од вдовиците на Џон Ленон и Џорџ Харисон.

Scroll to Top