Ќе се снима филм за култната песна „Бела чао“, симбол на борбата и отпорот во Италија

Култната италијанска песна Bella ciao ќе добие документарен филм со наслов Bella ciao – A Story Beyond Myth, во режија на Џулија Џапонеси. Филмот треба да се прикажува на 15 декември годинава на РАИ-1 .

Со над милијарда прегледи на социјалните мрежи, Bella ciao е најслушаната италијанска песна во светот во последните неколку години.

„Песната стана симбол на борбата и отпорот низ целиот свет. Во последните 25 години ја пееја учесници во бројни немири, протести и штрајкови, од учесниците во Арапската пролет до демонстранти кои учествуваа во движењата во САДС и Мумбаи. Ја пееја оние што протестираа против глобализацијата, беше химна на борците за климатски промени, на оние кои демонстрирана во Судан, отпеана на погребот на убиените карикатуристи од францускиот магазин Шарли Ебдо, а ја пееја и демонстрантите во Турција, Чиле и Либан“, пренесува агенцијата Анса.

Песната стекна дополнителна популарност откако ја пуштија во серијата „Каса де папел“ на Нетфликс, џингл за продажба на некои производи во Мексико или музика за промовирање на Нетфликс во Саудиска Арабија.

„Убедени сме дека оваа песна е наследство за сите нас и дека преку овој документарец ќе ја откриеме нејзината глобална важност“, вели креативниот продуцент на документарецот, Андреа Ромео.

Режисерка Џулија Џапонеси, пак, вели дека во филмот ќе се откријат и нови и помалку познати детали поврзани со песната, кои таа ги дознала за време на долгогодишното истражување и подготовки за документарниот филм.

Scroll to Top