Актерот Стив Гутенберг објави на „Твитер“ дека се подготвува ново продолжение за „Полициска академија“. Првиот филм беше прикажан во 1984 година, а потоа беа снимени уште шест продолженија. Последниот филм „Полициска академија: Мисија во Москва“ беше прикажан во 1994 година и заработи само 126.247 долари. Во последните неколку години имаше обид за реализација на осмо продолжение, но без успех. Сега има најава за тоа, но не се знае кој ќе стои зад проектот.