Ќе се снима петти дел од филмот „Игри на гладните“

Холивуд најави дека се работи на сценариото за петтиот дел на филмот „Игри на гладните“ и дека овојпат филмот ќе се фокусира на Кориоланус Сноу, владетелот на измислената држава Панем.

Филмот ќе биде аптација на книгата „Баладата на приците и змиите“, која треба да излезе на 19 мај, а чие дејствие се случува пред она опишано во „Игрите на гладните“. Новата книга на Сузан Колинс го опишува времето на десеттите годишни Игри на гладните и се фокусира на 18-годишниот Кориоланус Сноу, кој подоцна станува безмилосен владетел на Панем. Него во филмскиот серијал го глуми Доналд Садерленд.

Засега не е познато кога треба да излезе филмот, но кој ќе ги глуми главните улоги.

Во првите четири филма од серијалот главен лик е Катнис Евердин, а овој лик го глумеше Џенифер Лоренс.

Scroll to Top