Продукциската компанија „Алкон ентертејнмент“ најави дека ќе се снима продолжение на филмот „П.С. Те сакам“. Тие ги добија филмските права за романот „Постскриптум“ на писателката Сесилија Ахерн.
И првата книга на ирската писателка доби филмска верзија во 2014 година. Во главните улоги тогаш глумеа Хилари Свонк, Џерард Батлер, Лиза Кудроу, Кети Бејтс и други. За многумина, ова е еден од најпопуларните романтични филмови на сите времиња.
„Постскриптум“ беше пуштена во продажба прво во Велика Британија, лани во септември, а од вчера се продава и во Америка.