Ќе се снима продолжение на „Гладијатор“

Режисерот Ридли Скот работи на продолжението на хит-филмот „Гладијатор“, во кој Расел Кроу ја играше главната улога. Филмот освои пет „Оскари“ во 2001 година, меѓу кои и наградата за најдобар филм. Според магазинот „Дедлајн“, приказната овој пат ќе биде за Лушс, синот на Лусила (Кони Нилсен) и внук на Комодус (Јоакин Феникс), кој на крајот на филмот го убива Максимус (Расел Кроу). Сценариото за вториот дел го пишува Питер Крег.

Ридли Скот уште лани најави дека размислува за нов филм, но дека сценариото е оставено на чекање, оти тој почна да ја снима својата прва ТВ-серија, научно-фантастичната приказна „Одгледани од волци“.

Scroll to Top