Светската ѕвезда Шаде неодамна откри дека нејзината ќерка Микалија неодамна го заврши процесот за промена на полот и дека сега е маж кој се вика Ајзак. Пејачката ретко зборува во јавноста за приватниот живот, но на социјалните мрежи често објавува фотографии од Ајзак во знак на поддршка за неговиот избор да го смени полот.
И Ајзак постојано објавува фотографии на својот инстаграм-профил, меѓу кои и слики со неговата девојка. Објавува и слики со мајка си и секогаш ја опишува како „најголемата царица на светот“.
Шаде ја роди Микалија 1996 година, од врската со музичкиот продуцент Боб Морган. Ова е нејзиното единствено дете.