Ким Јонг-ун ги забрани фармерките во Северна Кореја, затвор за тие што ќе гледаат странски филмови

By

Северна Кореја неодамна воведе нов закон со кој се обидува да се потисне какво било странско влијание. Тие строго ќе ги казнат оние што кај себе имаат странски филмови, странска облека, модерни фризури или ако зборуваат на сленг.

Ким Џонг-ун воведе нов закон против таканаречената „реакционерна мисла“. Секој што е фатен со голема количина на видеоматеријал од Јужна Кореја, САД или Јапонија се соочува со смртна казна, а оние што гледаат такви снимки се соочуваат со затворска казна од 15 години. Тој напиша и порака преку државните медиуми во која ја повика Младинската лига да преземе нешто против „индивидуалистичкото, антисоцијалистичко однесување“ меѓу младите. Сега сака да ја спречи употребата на странски изрази, фризури и облека за кои рече дека се „опасни отрови“.

Политичките аналитичари сметаат дека севернокорејскиот лидер се обидува да ги запре надворешните информации што доаѓаат до луѓето во Северна Кореја, бидејќи животот во земјата станува сè потежок. Тие веруваат дека милиони луѓе гладуваат, а Џонг-ун ги храни сè построго со државната пропаганда.

Севернокорејката Јун Ми-со неодамна за Би-би-си раскажала дека кога имала 11 години првпат видела како властите егзекутираат човек, бидејќи тој имал јужнокорејска драма со него. Неговата егзекуција морала да ја следи целото соседство.

„Ако не гледаа тоа ќе се сметаше за предавство“, изјави таа за Би-би-си. „ Никогаш нема да го заборавам тоа. Сè уште ги гледам неговите солзи како течат. Тие му ги врзаа очите, но завојот беше целосно натопен со солзи. Тоа беше трауматично за мене. Го ставија на клада и го врзаа, а потоа го застрелаа“, додаде таа.

Животот во Северна Кореја е со постојана блокада, без интернет, без социјални медиуми и со само неколку телевизиски канали кои се под строга контрола на државата, пишува Би-би-си.

 

Ќе ви се допадне

sites to watch anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

english dubbed anime AnimeFreak How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

anime sites JUJUTSU KAISEN

anime online Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

watch anime free Pokémon Journeys: The Series

anime freaks tv AnimeFreak JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable