Кина тргнува во потрага по вонземјани

By

Кина наскоро ќе почне со потрагата по живот надвор од Земјата, откако за таа цел ја заврши изградбата на огромниот телескоп ФАСТ („Петстотиниметарски апертурен сферичен телескоп“). Неговата изградба почна во 2011 година, а официјално беше претставен во јануари годинава. Изградбата на телескопот чинеше 180 милиони долари.

Главниот и одговорен лидер на проектот, проф. Жанг Тонџи, истака дека потрагата нема да ги прекине редовните научни мисии во Кина. И, иако има некои „интересни кандидати за вонземски сигнал“, професорот смета дека не сите примени сигнали ќе доаѓаат од живо интелигентно суштество.

ФАСТ има дијаметар од 500 метри. Сместен е во областа Пингтанг, во провинцијата Гуижоу, јужна Кина. Тој треба да почне со барање вонземски сигнали во септември оваа година. Речиси 8.000 луѓе во круг од пет километри околу телескопот беа преселени, со цел непречено примање на сигналите.

ФАСТ го собори рекордот на телескопот Аресибо во Порто Рико, чија „чинија“ има дијаметар од близу 300 метри.

Ќе ви се допадне