Коалата прогласен за вид во изумирање

Поради рекордните суши и пожари во Австралија, популацијата на коала драстично се има намалено, што ова животно сега австралиските власти го сметаат за „функционален изумрен вид“.

Претседатетлката на австралиската фондација „Коала“, Дебора Табарт проценува дека од пожарите настрадале повеќе од 1000 коали и дека 80% од нивните живеалишта се уништени.

Неодамнешните пожари заедно со долготрајната суша и уништените шуми, доведоа до тоа да коалите, според зборовите на експертите, станал „функционално изумрен вид“, пишува „Форбс.

Функционалното истребување е кога популацијата станува толку ограничена што повеќе не игра значајна улога во својот екосистем и популацијата повеќе не е одржлива. Иако некои единки можат да се размножуваат, ограничениот број на коали создава долгорочната одржливост биде малку веројатно и ја прави многу подложна на разни болести.

Уништувањето на шумата од пожарите предизвика целосен прекин на изворот на исхрана на коалите. Стеблото еукалиптус, кој е главен извор за храна, речиси и да го нема. Возрасна коала дневно јаде до два килограми лисја од ова дрво, како главна сосотјка во исхраната. За да билките од ова дрво се опорават по пожарите, потребни се неколку месеци. Овој период е преголем за коалите да можат да издржат и многу од нив ќе умрат од глад.

Порт Маквери од специјалната болница за коали, вели дека се собираат донации за да се помогне во лечењето на повредените животни. До денес се собрани околу 1,33 милиони австралиски долари, од преку 30.000 донатори.

Дел од напорите е да се постават станици за пијалоци за коалите во подрачјата кои се опустошени од пожарите. Средствата исто така ќе бидат насочени за изградба на засолниште на коалите од пожарите.

Scroll to Top