Кога психопатите ќе се заљубат

Околу 1% популацијата може да биде психопатична, покажале истражувањата, пишува порталот „Брајт сајд“. Луѓето кои се сметаат за психопати се борат со искажувањето на различни врсти емоции, особено емпатија, тага и страв. Но, психолозите веруваат дека тие можат да се заљубат како и другите луѓе, само начинот на кој ги изразуваат своите чувства и комуницираат е различен.

1. Психопатите можат да бидат во состојба да сакаат друга личност

Психолозите сугерираат дека постои различно ниво на психопатија. Ако личноста не покажува тешки знаци на психопатија, поголема е веројатноста дека ќе може да се заљуби. Психопатите исто така можат да се чувствуваат осамено и имаат желба да бидат сакани. Меѓутоа, тешко им е да воспостават здрав однос поради недостигот од емоционална поврзаност и неспособност да се отворат на друга личност.

2. Нивните односи се засноваат на поинакви причини од традиционалните

Нивните партнери мораат да бидат внимателни: психопатите можат да бидат крајно себични и обично се обидуваат да манипулираат со партнерот во жртвувањето на сопствените интерси за нив.

3. Психопатите можат да копнеат по љубовните врски, но ретко можат да ги остварат.

Ова е пред сѐ поради неспособноста да покажат емпатија и емоционална поврзаност.

4. Психопатите не можат да дадат емоционална поддршка на својот партнер

Истражувањата покажуваат дека психопатите можат да водат грижа за другите луѓе, но само во случаи кога тоа го прават со задоволство и кога вложиле доволно напори за да научат како да бидат емпатични.

5. Психопатите повеќе сакаат кратки врски

Поради неможноста емоционално да се продлабочат, психопатите преферираат кратки врски. Речиси никогаш не стапуваат во брак затоа што не можат да го најдат соодветниот партнер.

6. Психопатите знаат како да манипулираат со партнерите 

Лесно се читаат другите луѓе, па знаејќи ги нивните намери, тие со нив ќе манипулираат. Тие не чувствуваат никаква вина кога го прават тоа: психопатите гледаат само за себе и воопшто не им е важно какви неволји можат да предизвикаат нивните постапки на другите.

7. Нивната љубов може да биде деструктивна

Психопатите делуваат на импулсивен начин и се емоционално недостапни. Да имате манипулативна и ладна личност крај себе може да биде погубно за психичката состојба на луѓето, што придонесува до нестабилна и недостапна врска.

8. Нивните чувства можат да се подобрат со текот на време

Кога се доволно мотивирани, психопатите можат да го подобрат своето однесување. Психолозите веруваат дека романсата и комуникацијата со луѓето кои искажуваат љубов кон нив можат да научат да бидат повеќе емпатични спрема другите и да ги подобрат своите социјални вештини.

 

Scroll to Top