Кои мажи се најлоши љубовници според хороскопот

Зодијакот одредува какви љубовници се и мажите и жените. Астролозите велат дека следниве четири хороскопски знаци можат да се наречат најлоши љубовници.

Близнаци

Многумина близнаци сакаат да се фалат и секогаш се подготвени на секс, но кога ќе дојде до тој момент, отстапуваат или се фолираат. Кај нив сексот секогаш е брз, а во кревет се себични.

Девица

Девиците се воздржани и никогаш не се расположени за спонтан секс. Тие се тешки перфекционисти, па ситен и небитен детаљ може да им ја уништи потенцијата. Се срамат и замислуваат дека некој ги гледа додека имаат секс. Девиците сакат да гледаат, но често остануваа на тоа.

Стрелец

Иако стрелците се авантуристи и сакаат да експериментираат, лошиот секс произлегува од преголемата желба за нешто ново, перверзно и возбудливо. Кога сексот не им е по желба, стрелците сакаат што побрзо да се заврши, а потоа заминуваат без оглед на се.

Риби

Рибите се многу емотивни, длабоки и сензуални, а тоа може да носи проблем во сексот и во љубовта. Тој знак најмногу ужива, но и најмногу страда во „сексот со емоции“. Оттука произлегува потенцијалниот проблем за добар секс.

Scroll to Top