Многумина ги буни разликата меѓу термините космонаут и астронаут. Во светот повеќето луѓе не знаат зошто Валентина Терешкова и Јуриј Гагарин ги викале космонаути, додека Нил Армстронг и Едвин Олдрин, астронаути.
Светските експерти по лингвистика објаснуваат дека разлика меѓу овие два називи не постои. Станува збор за американски и руски термин кој воглавно означува храбар пилот што лета во височините.
Разликата настанала од времето на Студената војна и вселенските трки меѓу САД и СССР. Војната покрај во вселената, се водела и во јазикот. Двете земји воведувале свои поими, како во науката меѓу хемиските елементи, па се до патниците во вселената. Нивната цел била да ги направат овие поими глобални.
Денес терминот космонаут покрај тоа што може да го слушнеме во Руската Федерација, го користат голем дел и во земјите од Источна Европа. САД пак го користи зборот астронаут, исто како и сите западни земји. Двата поими имаат грочко потекло. Настанати се од збровите наут (ναύτης), што значи морнар и космос (кόσμος), кој изворно означува поредок (со длабоки значења во филозофијата и христијанската традиција) и се користи како назив за универзумот.
Астронаут буквално означува ѕвезден морнар и настанал со спојување на зборот наут со астро, што значи ѕвезда.
Многумина веруваат дека поимот космонаут го смислил советскиот вселенски инженер Михаил Тихонравов. Овој збор влегува во употреба во 1961 година, кога херојот на Советскиот Сојуз, Јуриј Гагарин, ќе стане првиот човек кој се вивнал во вселената.