„Кока-кола“ за прв пат ќе прави алкохол

„Кока-кола“ ќе ја прекрши 125-годишната традиција и за првпат во својата историја ќе произведе алкохолен пијалок, кој ќе биде наменет за јапонскиот пазар.

Компанијата на овој начин сака да профитира од зголемената популарност на „чу-хи“ – газиран ароматизиран пијалок, измешан со локалниот алкохол „шочу“. Ваквите производи вообичаено имаат од три до осум проценти алкохол .

„Тоа е пијалок во лименка што содржи алкохол. Традиционално, се прави од алкохол наречен ‘шочу‘ и газирана вода, плус некоја арома. Досега не сме експериментирале во алкохолната категорија, но ова покажува дека сакаме да испитуваме можности надвор од нашите основни области“, изјави претседателот на „Кока-кола Јапонија“, Хорхе Гардуњо, додавајќи дека тој, најверојатно, нема да се продава надвор од Јапонија.

 

„Чу-хи“ во Јапонија се рекламира како алтернатива за пиво и особено е популарен меѓу жени. Најголемите јапонски компании за пијалоци имаат голема палета производи и продолжуваат да експериментираат со стотици вкусови.

Scroll to Top