Колата на Мистер Бин ќе се продава на аукција

Колата на Мистер Бин, заедно со уште неколку предмети, ќе се продава на аукцијата „Икони и легенди на Холивуд“. Почетната цена е 60.000 долари.

Оригиналниот мотор доаѓа заедно со автомобилот, но не е тестиран, како ни останатите механички делови, стои во описот на автомобилот што актерот Роуан Аткинсон го возеше во популарната серија. Автомобилот е „бритиш лејленд мини 1.000“ од 1977 година. На автомобилот ништо не е сменето од снимањето.

Освен овој автомобил, на аукцијата се продава и автобусот што Сандра Булок го возеше во филмот „Брзина“, во кој глумеше со Киану Ривс. Почетната цена за овој градски автобус е 20.000 долари.

На аукција е и моторната пила од хоророт „Тексашки масакр со моторна пила 2“, која е од челик и чија цена изнесува 2.000 долари.

Scroll to Top