Концертите на женската атракција „Бонд“ одложени за септември

Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки бенд, „Бонд“, откажаните концерти од март, ќе ги одржи на 25, 26 и 27 септември. Организаторите, „Авалот продукција“ потврдија дека успеале да договорат нови три датуми за трите претходно закажани концерти. Локацијата ќе остане иста, во Националната филхармонија.

„Сите што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за новите дати. Влезниците што беа за концертот на 20.03 ќе важат на 25.09, оние од 21.03 ќе бидат важечки за 26.09, а влезниците за 22.03 ќе може да се искористат за концертот на 27.09“, велат од Авалон.

 

Scroll to Top