Корејската поп-ѕвезда Сули пронајдена мртва во нејзиниот дом

By

Корејската поп-ѕвезда Сули, поранешна членка на групата f(x) утрово е пронајдена мртва во својот дом во близина на Сеул. 25-годишната пејачката не одговорила на повиците на менаџерот, а кога тој отишол кај неа, ја нашол како лежи мртва на подот.

Сули, чие вистинско име е Чон Џин-Ри, ја прекинала својата пејачка кариера во 2014 година, откако преку Интернет добивала жестоки критики, навреди и вознемирувања од обожавателите. Освен што пеела, таа нбила и актерка. Со шоу-бизнис почнала да се занимава уште на 11 години кога глумела во познатата корејска серија „Баладата на Сеодонг“.

Најголемата слава ја стекна кога стана членка на корејската и светската сензација f(х), а во која пееше заедно со уште четири девојки – Викторија, Амбер, Луна и Кристал.

Точната причина за нејзината смрт засега не е позната.

Ќе ви се допадне