Корона откажа сè – и журки, концерти, кафулињата ќе работат до 18 часот

По објавените заклучоци, мерки и препораки на македонската влада, со цел превенција од ширење на коронавирусот, се откажуваат сите најавени настани, концeрти, журки.  Така и најавените мартовски концерти на „Авалон продукција“ наскоро ќе добијат нови датуми, Виенскиот бал веќе е познато дека наместо на 15 март ќе се одржи во мај, а откажан е и настанот во склоп на фестивалот Intermezzo music rituals, односно гостувањето на еден од најпознатите грчки диџеи Никос Диамантопулос. Кафулиња, казина, вежбалници ќе работат до 18 часот.

Еве ги мерките:

-се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на учесници

-угостителските објекти ќе работат со скратено работно време до 18 часот со внатрешни преполовен капацитет (задржување на дистанцата од 1,5 – 2 метри)

-се откажуваат сите кинопроекции, театарски претстави и концерти

-се откажуваат сите хронични пациенти чија претходно закажана интервенција може да се одложи, ќе има само итни и неодложни хируршки интервенции – исто важи и за прегледите

-продолжување на терапијата на хроничните пациенти кои досега требаше да одат на специјалист – од наредните денови тоа ќе може да го сторат и кај матичните лекари, а ФЗОМ ќе направи измени во правилникот (нема да важи за новодијагностицирани)

Министерот посочи дека во разговор италијанските колеги кажале дека по воведувањето на најригорозните мерки во Италија немале нови случаи на заболени во најпогодените места.

 

 

 

Scroll to Top