И покрај мерките за физичко дистанцирање и забраната за групирање во Америка, ова како да не важи за сите. Американските медиуми објавија слики од групи девојки и момчиња кои секојдневно прават журки на јахти во Мајами, бидејќи плажите се затворени. Во танга костими за капење, девојките танцуваат на јахтите во туристичкото одморалиште Мајами Бич, Флорида. Тие се гушкаат и се забавуваат и не ги почитуваат препораките за минимално растојание.
Во САД бројот на починати достигна 76.938, што во просек е 2.000 луѓе на ден од средината на април. И покрај обидите да се забави епидемијата, бројот на заразени во земјата е повеќе од 1,25 милиони , но и понатаму расте.