Кралицата ја откажала посетата во Ирска и ноќта ја минала во болница

Британската кралица Елизабета ноќта во средата кон четвртокот ја минала во болница поради медицински испитувања. Во средата го откажа службениот парт во Северна Ирска, со образложение дека лекарите ја советувале да одмора.

Таа рече дека била разочарана што не може да патува. Вчера се вратила во замокот Винзор и била добро расположена, соопштија од Бакингемската палата.

Лекарите ја советувале да одмори неколку дена. Извор од палатата рече дека кралицата останала во болница од практични причини и дека нејзиниот медицински тим е внимателен кога станува збор за неа. Не сакаат да остават ништо на случајот, рече тој.

Кралицата вчера им се вратила на своите должности и завршила некои полесни обврски. За потсетување, кралицата Елизабета е на тронот веќе седум децении.

 

Scroll to Top