Кристијан Ниневски втора година по ред го фати крстот во Вардар

By
Скопјенецот Кристијан Ниневски (26) и годинава беше најсреќниот од околу 140 верници кои се фрлија по светиот крст во водите на реката Вардар во центарот на Скопје.

Ова е втор пат светиот крст да заврши во рацете на младиот скопјанец, кој исто така и лани беше најсреќниот од учесниците во традиционалниот чин по повод верскиот празник Богојавление – Водици.

Се верува дека на Богојавление Свети Јован Крстител го крштевал Исус Христос во водите на реката Јордан.

Централната манифестација по повод верскиот празник во Скопје беше напладне на водите на реката Вардар, поточно на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“. Студеното време во главниот град, не спречи околу 140 верници да влезат во реката, каде поглаварот на Македонската православна црква – ОА, г.г. Стефан го фрли крстoт во чест на големиот православен празник.

 

Ќе ви се допадне