Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо по маестралната партија против репрезентацијата на Шпанија (3:3) влезе во историјата на фудбалот!
Роналдо против Шпанија постигна хет-трик и се приклучи на легендите кои успеале да постигнат гол на четири светски првенства. Роналдо бил стрелец во 2006, 2010,2014 и 2018 година.
Роналдо е и првиот европски фудбалер кој постигал гол на осум поврзани големи натпреварувања. Португалецот беше стрелец на четири Светски Првенства и четири Европски првенства во низа. Тоа никогаш на никој не му успеал да го направи.
Семоќнниот Португалец со третиот гол против Шпанија собори уште еден неверојатен рекорд. Стана најстариот фудбалер кој постигнал три гола на мундијалот. Роналдо тоа го направи на 33 години и 330 дена старост.
Португалецот синоќа покажал зошто многумина го сметаат за најдобриот фудбалер на светот!