Крстозборите се корисни за децата

Според психолозите, за децата е важно од мали да решаваат крстозбори оти им помагаат во учењето и развојот на меморијата. Истражувањата покажуваат дека оваа форма на забава е дидактичка алатка која постепено прави паметно од просечно дете, бидејќи влијае на развојот на вештините.

Експертите советуваат родителите да им подметнат на децата крстозбори секогаш кога можат, на пример, кога патуваат, гледаат телевизија или се досадуваат. Секогаш е добро да ги решаваат, но во близина на возрасните кои ќе им помогнат со потешките прашања. На тој начин децата памтат одредени работи

Психолозите, исто така велат дека е важно за возрасните да им помогнат на децата да ги пополнат сите полиња правилно и да ги разгледаат решенијата заедно.

Scroll to Top