Утре во холот на АРМ, Црвениот крст на град Скопје во соработка со ИТМ, ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески.
Акцијата ќе започне од 9 часот утрото и ќе трае до 17 часот.
„Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се 4 829 единици крв.При спроведување на акцијата, Црвен крст и Институтот за трансфузиона медицина ќе се погрижат сите дарители и лица ангажирани за реализација на акцијата, да ги почитуваат сите пропишани мерки и протоколи за заштита и самозаштита од Ковид-19“, објавија од Црвениот крст на Македонија.