Куче патувало 350 километри, пред да му се врати на стопанот кој го изгубил додека бил на одмор во Франција

Кучето со име Пабло, поминало 350 километри, пред да се врати во Италија кај неговите сопственици, кои го изгубиле додека биле на одмор во Франција. Станува збор за ловечки териер, кој се изгубил во францускиот регион Савоа.

Пабло бил стар две години и успеал да му се врати на својот стопан, кој со часови го чекал и веќе следниот ден, пред да го продолжи патувањето кај роднините, пријавил дека е исчезнат во  канцеларијата на градоначалникот.

Пабло пред да се изгуби, го напуштил камперското комбе, за да ја истражи околината. Неколку дена подоцна, нековиот стопан добил фотографија од куче од луѓе кои го виделе како се шета околу куќа во близина на Ним на југот на Франција.

Еден од членовите на семејството кое го поседува кучето, Кетрин рече дека веднаш го препознала кога ја видела фотографијата.

„Го препознав Пабло, не можев да поверувам, тоа беше вистински момент на среќа“, рече Кетрин за една радио станица.

Сопственикот на Пабло, Роџер рече дека сега му купил околувратник со направа за следење, за никогаш повторно не го загуби.

Scroll to Top