Куче спаси бебе од пожар, со заби го влечеше за пелената

Нана и нејзините две деца се спасиле од пожар откако нивното куче Саша со силно лаење ги разбудило од спиење. Питбулот почнал да скока на влезната врата за да ги предупреди сопственичката и нејзината ќерка за огнот што се ширел со голема брзина. Кучето истовремено го фатило осуммесечното бебе за пелената и почнало да го влече надвор од станот, пишуваат американските медиуми.

„Благодарение на Саша на време излеговме од станот и повикавме противпожарна служба. Ги разбудивме и останатите луѓе кои во тој момент се наоѓаа во зградата. На Саша ѝ го должам мојот живот и животот на моето дете. Таа е нашата хероина. Без неа веројатно не би се извлекле“, раскажала жената за медиумите.

Иако пожарникарите стигнале за кратко време, станот потполно изгорел, но не ја уништил цела зграда. Сепак станот на Нана бил целосно уништен во пожарот, заедно со сите работи што ги поседувале.

Scroll to Top